Совети за убава кожа

Објавено: 14 август, 2013, во 07:33 часот

Постојат многу совети за негување на кожата. Еве десет кои се лесно применливи:

Некое време користете помалку шминка. Не го затнувајте лицето со коректори, пудри и руменила.

Олеснете му на лицето измивајќи ги отровите со многу вода и свеж сок од овошје.

Спијте квалитетно и доволно.

Важна е медитацијата т.е. важно е да се изборите против стресот, а медитацијата ќе ви го овозможи тоа.

Важна е и редовна физичка активност затоа што овозможуван свежа крв и кислород да дојдат до кожата, а тоа помага да се елиминираат отровите.

Навлажнувајте ја редовно и користете ноќни креми. Правете пилинг на колената и лактовите, на кои кожата е вообичаено погрубо. Секако, не заборавајте го редовниот пилинг на целото тело.

Одлична за телото е масажа со масло.

Хранете се правилно за ослободување од слободните радикали, кои ја стареат кожата.

Во кујната е тајната на убавата кожа. Користете го овошјето и зеленчукот за негување на кожата.

Кога на кожата ѝ треба потхранување, дајте ѝ банана и свежо млеко.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.