Хил: Македонија да ги удвои дипломатските напори кон Брисел и Вашингтон

Објавено на 8 август, 2013 во 14:28

Поранешниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, оценил дека се намалил интересот на Соединетите Држави за македонско – грчкиот спор за името и оти е потребно Македонија да ги удвои дипломатските напори насочени кон Вашингтон и Брисел.

– Македонија треба да испрати сигнал до Вашингтон дека е подготвена да го реши проблемот, да покаже флексибилност, изјавил Хил за МИА.

Во врска со поканата од премиерот Груевски за средба со грчкиот колега Самарас, Хил оценува дека јавните покани имаат мали шанси да бидат добро примени, а евентуални такви директни средби, треба екстремно добро да бидат подготвени, но приватно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.