СДСМ: „Владата да престане со задолжување“! ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ прави режирани пресови“!
СДСМ бара Владата да престанела со нови задолжувања на земјата. Како што беше речено на прес конференцијата, внатрешниот долг на државата до крајот на годината би достигнал над една милијарда евра.
„Согласно најновите податоци на Народната банка, само домашниот долг на крајот на месец јуни изнесува речиси 940 милиони евра. Тоа поедноставено значи дека секој граѓанин на Република Македонија па дури и дечињата родени на почетокот на овој месец поединечно се задолжени со околу 470 евра“ рече потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.
Владеачката ВМРО –ДПМНЕ смета дека СДСМ сака да ја прикаже владата во негативно светло секогаш кога правела чекори напред за подобар живот на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ информира дека од буџетот редовно се исплаќале плати, пензии, субвенции, се врши поврат на ДДВ и сето тоа се случувало во време на европска економска криза.