Сончево и топло со ветер!
Објавено на 15 јули, 2013 во 06:30
Претежно сончево, топло и ветровито ќе се задржи времето до текот на денешниот ден.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч.
Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури до 24°C до 35°C. УВ индекс 8.