Поповски: Следува силен северен ветер со брзина од над 60 км/час!

Во Македонија следува претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Сепак ќе биде значително посвежо со голем пад на температурите на воздухот, особено наутро и во ноќните часови, кога на повеќе места ќе се спуштаат до близу, па дури и под 10 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
„Оваа недела врнежи во државата нема да има, што значи дека сушниот период и понатаму ќе продолжи.
До крајот на денов, четврток, 10 јули, ќе дува силен, ветер од северен правец коишто повремено и локално ќе биде со брзина од над 60 км/час. Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот, тие најниски ќе бидат денес кога ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени,“ додава Поповски.
Дума.мк


