Опаѓа бројот на првачиња во Кавадарци!
348 првоодделенци во септември ќе седнат во училишните клупи низ кавадаречките основни училишта. Споредено со лани, кога на училиште тргнале 361 ученик во прво одделение, се констатира дека имаме намалување на наталитетот.
Учебната година во септември со нови 50 првачиња ќе започне во ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци, 51 прваче до денес има запишано ООУ Страшо Пинџур, 23 првачиња ќе има ОУ Димката Ангелов Габерот Ваташа, со 62 нови првачиња годината ќе започне во ООУ Тошо Велков Пепето. До денес 73 првачиња се запишани во ООУ Тоде Хаџи Тефов и најмногу првачиња во септември ќе има ООУ Гоце Делчев 89 на број.
Големината на регионот, организираниот бесплатен превоз и одлуката на родителот, каде ќе се образува неговото дете и на овој упис одигра голема улога.