Возач од Кавадарци лишен од слобода: Возел пијан и поминал на црвено светло

Објавено на 3 јули, 2025 во 14:36

Полициски службеници од ОВР Кавадарци утринава околу 05:40 часот на улицата „Вишешница“ привеле 39-годишен маж од село Ресава, откако возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло во градот.

Станува збор за лицето В.Ѓ., кое управувало патничко моторно возило од марката „Цитроен“ со кавадаречки регистарски таблички. Инцидентот се случил на улицата „Западен булевар“ во Кавадарци, каде што возачот го игнорирал семафорскиот сигнал и поминал на црвено светло, со што го загрозил сообраќајот и безбедноста на другите учесници.

По преземените мерки од страна на полицијата, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол. Измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта – ниво кое значително ја надминува законски дозволената граница.

В.Ѓ. е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.