Започна отстранувањето на оштетениот асфалт на новиот кружен тек во Кавадарци!
Со гребење се остранува десетина стариот асфалт на новиот кружен тек во Кавадарци и ќе се поставува нов слој. Механизацијата на фирмата што го има тендерот, денеска ги започна активностите.
Целосно ќе се отстрани асфалтниот слој кој бил поставен од неквалитетна асфалтна маса, што беше причина и за само десетина дена истиот да испука, да се собере и да се отворат дупки на кружниот тек.
„Надлежните служби и надзорот, со проблемот беа запознати веднаш после неговото појавување, за што согласно надлежностите ги информираа фирмите изведувачи. По излегувањето на заеднички увид на самото место беше констатирано дека станува збор за неквалитетна асфалтна маса. Според првичните сознанија причината е од техничка а не од субјективна природа. Имено се проценува дека за време на создавањето на асфалтната маса во базата за асфалт во делот на постројката која го дозира битуменот односно асфалтот во масата, е настанат технички проблем, па поради негова помала процентуална застапеност се случија оштетувањата на коловозната лента, “ рекоа претставници на подизведувачите на проектот „Изолација“ од Скопје.
„Изведувачот на работите под итно ги превзеде сите потребни мерки за отстранување на оштетениот и неквалитетен асфалт, денеска се изврши гребење на истиот, а во наредните денови ќе биде поставен нов соодвтен и квалитетен слој на асфалт“ рекоа денеска од локалната самоуправа Кавадарци.
Општината, упатува извинување до граѓаните и возачите за настанатите пропусти и дополнителното пореметување на сообраќајниот режим. Во истовреме има целосно разбирање за настанатиот технички пропуст. Очекува со надминувањето на овој проблем да продолжи исклучително позитивната соработка со фирмите кои беа ангажирани на работите на кружниот тек, бидејќи станува збор за докажани и потврдени стопански субјекти, кои во изинатите години се потврдиле со својот квалитет во изградбата на многу инфраструктурни објекти во градот и општината. / А.Д