Како да носите кратка маичка?
Објавено: 5 јуни, 2013, во 13:14 часот
Еден од доминантните трендови на овогодишната жешка сезона дефинитивно се кратките маички кои го откриваат стомакот.
За да носите вакви маички секако,пред се треба да имате убаво обликувани стомачни мускули. Кратките маици можете да ги комбинирате со сукњи,панталони со висок појас за некои помали неправилности во пределот на стомакот да ги прикриете. Нас овој тренд многу ни се допаѓа и едвај чекаме топли денови за да бидеме во можност да го носиме овој жежок тренд особено со ретро сукњи и жешки кратки панталончиња.
Полиците на high-street дуќаните се преполни со сјајни модели на кратки памучни маички кои просто мамат ова лето да го пратете овој тренд. Еве ви неколку предлози,сексипилни а не вулгарни…
