Маска за мрсна кожа!
Објавено: 22 мај, 2013, во 08:10 часот
Мрсната кожа е голем предизвик во кое и да е време од годината. Пронајдовме еден интересен домашен третман за овој тип на кожа. Маска од тиква која е богата со цинк, и ја контролира мрснотијата на кожата.
Тиквата овозможува и нежна ексфолијација на кожата, без да се користат абразивни честички.
Потребни состојки :
2 големи лажици ситно рендана тиква
1 мала лажичка сок од лимон
1 белка од јајце
1 лажица мед
Во длабока чинија измешајте ги состојките и измиксирајте. На чиста кожа нанесете тенок слој од смесата, внимавајте на делот околу очите. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути и потоа измијте.
