Маска за мрсна кожа!

Објавено: 22 мај, 2013, во 08:10 часот

Мрсната кожа е голем предизвик во кое и да е време од годината. Пронајдовме еден интересен домашен третман за овој тип на кожа. Маска од  тиква која е богата со цинк, и ја контролира мрснотијата на кожата.

Тиквата овозможува и нежна ексфолијација на кожата, без да се користат абразивни честички.

Потребни состојки :

2 големи лажици ситно рендана тиква

1 мала лажичка сок од лимон

1 белка од јајце

1 лажица мед

Во длабока чинија измешајте ги состојките и измиксирајте. На чиста кожа нанесете тенок слој од смесата, внимавајте на делот околу очите. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути и потоа измијте.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.