Врнежите можат да предизвикаат појава на разни болести кај овошките!
За време на пролетните дождови редовно се појавува болеста монилија на цветот која ги напаѓа коскестите овошја но може да ги нападне и плодовите на јаболкниците.
Болеста се јавува на цветовите, кои по некое време се сушат и остануваат да висат на гранчињата, каде можат да се забележат групации на сивкаста мувла. Кај коскестите овошја габата најчесто ги заразува отворените цветови.
Заразата на затворени цветови е ретка, а онаа на отворени е речиси редовна појава. Откако цветот ќе се зарази, прво поцрнува толчникот, прашниците и неговата внатрешност. Подоцна преку цветната дршка заразата се проширува на гранчињата и на другите цветови.
За заштита овошките треба да се прскаат пред цветање и во време на цветање. Ако за време на цветањето дождовниот период е подолг, треба после 7 дена да се изврши и трето прскање. Индиректна мерка е собирање и унштување на мумиите.
Пламеницата моментално е најопасна болест на јаболчестото овошје. Бактерија е причинител а болеста е карантинска. Засега нема ефикасно хемиско средство, а инфицираните стебла кои се зафатени повеќе од 70% задолжително треба да се искорнат и запалат. Симптомите на болеста се: за време на цветањето инфицираните гранчиња и цветови поцрнуваат, свиснуваат и се сушат, така да гранчето изгледа како да е зафатено од пламен.
Инфицираните стебла постепено пропаѓаат. Болеста најмногу ја шират пчелите, а се шири и со други инсекти, ветер, птици и алат (прибор за резидба). Особено е интензивна при влажни услови за време на цветање.
Првото прскање треба да се направи после берба по опаѓање на 1/3 од лисната маса. Второто треба да се изврши по целосно отпаѓање на лисната маса, во периодот на мирување кога тоа го дозволуваат временските услови. Третото прскање треба дасе спроведе пред почеток на вегетација во фенофаза бабрење на пупки до глувчи уши./Б.Н.Т