Пластично шише билет за влез на еко изложбата во градинките!
Дечињата од велешките градинки го одбележаа денот на планетата земја.
Изложба правиме-денот на нашата планета го славиме. Со овој наслов и многу игра песна и цртежи посветени на екологијата денеска се одржа манифестацијата во велешките градинки по повод денот на планетата земја. На манифестацијата на која учествуваа 300 дечиња од 4 и 5 годишна ворзраст, посетителите симболично донесоа по едно пластично шише кое беше потребно како билет за влез. Од градинката велат дека ова е еден начин да се вклучи целопукпната задница во намалувањето на отпадот во градот кое пак може да има и позитивни ефекти врз самите деца и нивниот престој во градинката.
„Изработувајќи најразлични предмети од пластика,стара хартија од тетрапак млеко и јогурт се обидовме да му дадеме нов живот на отпадот. И вработените и децата исто така носат пластиката тука и тоа е еден вид учење за екологија, а и приход за установата со кој се купува боички блокчиња и се друго што е потребно, па дечињата директно ги чувствуваат придобивките“, рече Анида Цецева, директор на градинки „Димче Мирчев“.
Инаку експонатите од изложбата ќе ја красат градинката во Дворови, а потоа ќе се одлучи дали пластиката ќе биде продадена како отпад или подарена на друга институција. Манифестацијата е дел од еко проектот кој се спроведува во градинката која се бори да го освои зеленото знаме. Цела година дечињата учат за штедење на енергијата,уредување на дворовите, како и рециклирање на отпадниот материјал, чиј резултат е и оваа изложба./Б.Н.