Претседателот на Управниот суд си поднесе оставка!
Објавено на 15 април, 2013 во 17:26
Веднаш откако Управниот суд ги оспори одлуките на Државната изборна комисија по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг на изборите во општина Центар, со што му ја оспори победата на локалните избори на кандидатот за градоначалник на Центар од здружената опозиција, Андреј Жерновски,денеска, оставка поднесе претседателот на судот Лимани, јави „Капитал“.
Според „Капитал“, атмосферата помеѓу судиите била прилично напната, а кулминирала за приговорите за Центар, но и претходно, кога се одлучувало за Струга, Лимани имал забелешки за етничката поделба и непрофесионално работење на неговите колеги.