Една година од трагедијата кај Смилковско езеро!
Објавено: 12 април, 2013, во 18:07 часот
Помина една година од трагедијата кај Смилковското езеро, која ја потресе Македонија, кога петмина скопјани, на Велики четврток беа ликвидирани додека ловеа риба крај езерото.
На местото каде лани беа ликвидирани Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпоковски, како и 45-годшниот Борче Стевковски од село Црешево сега во нивни помен се гради црквата „40 маченици младенци“.
Судскиот процес за Монструм сеуште е во тек, а фатени се двајцата главни осомничени, Демири и Исмаиловиќ. Сеуште се чека нивната екстрадиција во Македонија./А.Д

