Прелеа Тиквешкото Езеро!
Објавено на 9 април, 2013 во 14:08
По 9 метри кубни во секунда се излеваат преку преливната шахта во Тиквешкото Езеро. Најголемата вештачка акомулација во земјава се преполни поради интензивните врнежи од дожд.
Во неделата во кавадаречко наврнале 49 литри на метар квадратен.
Можно е да се поплават нивите кои се во непосредна близина на Црна Река, бидејќи водата преку преливната шахта се влева во раката, предупредија од Водостопанство Тиквеш./ A.Д