Прелеа Тиквешкото Езеро!

Објавено: 9 април, 2013, во 14:08 часот

По 9 метри кубни во секунда се излеваат преку преливната шахта во Тиквешкото Езеро. Најголемата вештачка акомулација во земјава  се преполни поради интензивните врнежи од дожд.

Во неделата во кавадаречко наврнале 49 литри на метар квадратен.

 

Можно е да се поплават нивите кои се во непосредна близина на Црна Река, бидејќи водата преку преливната шахта се влева во раката, предупредија  од Водостопанство Тиквеш./ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.