Најмладите со приредба го одбележаа патронатот на градинката „Димче Мирчев“!
Со скормна прослава во објектот градинката Димче Мирчев му оддаде почит на својот патрон.
Дечињата пред своите родители изведоа приредбата промовирајќи го реновираниот објект исцртан со ликови од цртаните филмови и од бајките.
„ Ова е голем празник за градинката бидејќи го чествуваме патрониот празник и со тоа му оддаваме почит на Димче Мирчев. Секојдневно создаваме новитети преку активности и дела. Со низа активности работиме на создавање на идни генерации подготвени да зачекорат во успешен и здрав свет“, рече директорката, Анида Цецева.
Инаку од градинката потенцираат дека многу е зголемен бројот на деца и во моментов таму се запишани околу 950 штитеници.
Раководството се пофали дека вака полна градинката не била во изминатите 20 години, а се должи на постојаното усовршување на кадарот и напорната работа за секој објект да добие нов современ лик кој како што рекоа се трудат да стане место за фантазија во кое ќе има многу детски насмевки. /Б.Н