Најмладите со приредба го одбележаа патронатот на градинката „Димче Мирчев“!

Објавено на 8 април, 2013 во 12:05

Со скормна прослава во објектот градинката Димче Мирчев му оддаде почит на својот патрон.

Дечињата пред своите родители изведоа приредбата промовирајќи го реновираниот објект исцртан со ликови од цртаните филмови и од бајките.

„ Ова е голем празник за градинката бидејќи го чествуваме патрониот празник и со тоа му оддаваме почит на Димче Мирчев. Секојдневно создаваме новитети преку активности и дела. Со низа активности работиме на создавање на идни генерации подготвени да зачекорат во успешен и здрав свет“, рече директорката, Анида Цецева.

Инаку од градинката потенцираат дека многу е зголемен бројот на деца и во моментов таму се запишани околу  950 штитеници.

Раководството се пофали дека вака полна градинката не била во изминатите 20 години, а се  должи на постојаното усовршување на кадарот и напорната работа за секој објект да добие нов современ лик кој како што рекоа се трудат да стане место за фантазија во кое ќе има многу детски насмевки. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.