Облачно со дожд!
Објавено: 8 април, 2013, во 07:54 часот
Претежно облачно, претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места можен е слаб снег.
Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 6 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд.


