Службата на МВР, за издавање лични карти, ќе работи и викендов!
Објавено: 6 април, 2013, во 08:40 часот
Во службите за вадење на лични документи на министерството за внатрешни работи, во Скопје и во подрачните единици низ државата, граѓаните ќе можат и денеска да извадат лична карта.
Вработените во овие служби ќе работат од 08.30 до 16.30 часот.
Во овој временски период ќе можат да се аплицира и да се добие лична карта додека утре, недела 7 април, само ќе издаваат веќе изготвени документи.
Единствено во Скопје граѓаните ќе може и во недела да аплицираат и да добијат лична карта.
