Службата на МВР, за издавање лични карти, ќе работи и викендов!

Објавено: 6 април, 2013, во 08:40 часот

Во службите за вадење на лични документи на министерството за внатрешни работи, во Скопје и во подрачните единици низ државата, граѓаните  ќе можат и денеска да извадат лична карта.

Вработените во овие служби ќе работат од  08.30 до 16.30 часот.

Во овој временски период ќе можат да се аплицира и да се добие лична карта додека утре, недела 7 април, само ќе издаваат веќе изготвени документи.

Единствено во Скопје граѓаните ќе може и во недела да аплицираат и да добијат лична карта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.