Лозовите калеми за „смедеревка“, годинава најбарани!
Во Тиквешијата продажбата на лозови калеми е во полн ек а најмногу барани се оние од сортата „смедеревка“.
„Исто така се бараше и калем повеќе од сортата „вранец“. Таа е една од најзастапените сорти црно грозје додека од трпезните сорти, садници од „молдавија“, „мишел палиер“ и „викторија“,рекоа од неготинскиот расадник за производство на лозов саден материјал.
Видот „молдавија“ е исто така меѓу најбараните затоа што родот се бере во октомври. Лозарите навалиле и калемите ги купиле уште лани, во ноември, затоа што родот стои во ладилник уште два месеца по бербата и е свеж, во сулови, кога грозје нема на пазарот па затоа постигнува повисока цена.
Но, количината на домашно производство на калеми не е доволна, рекоа земјоделските инженери. Поради недостиг на садници се увезуваат и од соседна Србија.
„Голем број од лозовите прачки кои се увезуваат во земјата, за жал, се со сомнителен квалитет. Во Македонија малку фирми произведуваат посадочен лозов материјал а и процедурата за да се произведе е сложена“, рекоа од расадникот во Неготино.
Еден калем од сортата „смедеревка“ од домашно производство се продава по цена од 30 до 35 денари, додека садниците за трпезните сорти грозје по цена од 35 до 40 денари./Б.Н.Т