Се урна мостот меѓу Просениково и Сарај, струмичко!

Објавено: 28 март, 2013, во 21:35 часот

Попуштил мостот што ги поврзува селата Просениково и Сарај меѓу општина Струмица и Босилово,пренесува Jugoinfo.mk.

Тоа е последица од напливот на вода од браната Турија која според  кажувања на жителите однела дел од локалниот пат.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека водата е од браната Турија каде регуларно се испуштаат по 4 метри кубни вода но, можно е да се прелеало дополнително количество вода поради преполнетост на акумулацијата.

Надлежните смируваат дека нема потреба од паника. Се намалувало нивото на водата во браната а состојбата била под контрола.

Она што на граѓаните им создава проблем е секако што денеска ги користат заобиколните патишта за да стигнат нивите или до Струмица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.