Се урна мостот меѓу Просениково и Сарај, струмичко!
Објавено на 28 март, 2013 во 21:35
Попуштил мостот што ги поврзува селата Просениково и Сарај меѓу општина Струмица и Босилово,пренесува Jugoinfo.mk.
Тоа е последица од напливот на вода од браната Турија која според кажувања на жителите однела дел од локалниот пат.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека водата е од браната Турија каде регуларно се испуштаат по 4 метри кубни вода но, можно е да се прелеало дополнително количество вода поради преполнетост на акумулацијата.
Надлежните смируваат дека нема потреба од паника. Се намалувало нивото на водата во браната а состојбата била под контрола.
Она што на граѓаните им создава проблем е секако што денеска ги користат заобиколните патишта за да стигнат нивите или до Струмица.