Поднесените даночни пријави, според очекувањата на УЈП!

Објавено: 22 март, 2013, во 22:11 часот

Во законскиот рок во Управата за јавни приходи 178 000 граѓани пријавиле данок.

Оваa бројка не е конечна затоа што се чека евентуално пристигување на пријави по пошта.

Потоа управата ќе проверува кој од граѓаните остварил а не пријавил приход од дополнителна дејност.

За оние кој ја избегнале законската обврска ќе има казни кои се движат од 500 до 1000 евра.

430 лица ја искористиле можноста и годинава ги поднеле своите пријави преку интернет.

Управата за јавни приходи очекуваше да стигнат 200 000 пријави, но од таму сега со изјава дека одзивот на граѓаните е во рамки на очекувањата.

Во споредба со лани, годинава има околу 4 илјади пријави повеќе. Сите се од граѓани кои покрај редовните примања од плата и пензија имаат и други дополнителни приходи. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.