Поднесените даночни пријави, според очекувањата на УЈП!
Во законскиот рок во Управата за јавни приходи 178 000 граѓани пријавиле данок.
Оваa бројка не е конечна затоа што се чека евентуално пристигување на пријави по пошта.
Потоа управата ќе проверува кој од граѓаните остварил а не пријавил приход од дополнителна дејност.
За оние кој ја избегнале законската обврска ќе има казни кои се движат од 500 до 1000 евра.
430 лица ја искористиле можноста и годинава ги поднеле своите пријави преку интернет.
Управата за јавни приходи очекуваше да стигнат 200 000 пријави, но од таму сега со изјава дека одзивот на граѓаните е во рамки на очекувањата.
Во споредба со лани, годинава има околу 4 илјади пријави повеќе. Сите се од граѓани кои покрај редовните примања од плата и пензија имаат и други дополнителни приходи. /Б.Н