Гастро речник!
Објавено: 22 март, 2013, во 12:49 часот
Понекогаш и искусните домаќинки се збунети со упатствата во готварските книги. Затоа, еве кратки објаснувања на некои поими…
Аспик: пивтија или желатинозна маса.
Бардирање: продукт завиткан или прекриен со парчиња сланина.
Бланширање: преливање на храната со врела вода или кратко обарување.
Гратинирање: запечување на јадењето во рерна, посипано со рендано сирење или пармезан, или прелиено со јајца и павлака.
Динстање: омекнување на месо или зеленчук со масло или течност, најчесто во покриен сад.
Дресирање: врзување на крилцата на живината пред печењето.
Дресинг: маринада (прелив) за салати.
Жилиен: продукт исечен на тенки долгнавести парчиња.
Желирање: печен или варен продукт, прелиен со желатинозна маса.
Карамелизирање: овошје, ореви, лешници и сл.натопен во растопен шеќер.
Конкасе: домат, излупен, исчистен од семки и исечен на коцкички.
Легирање: чорба или сос, згуснат со брашно, скроб, жолчка или павлака.
Маринирање: месо оставено извесно време да одлежи во течност со зачини.
Панирање: парчиња месо или зеленчук, извалкани во брашно, матени јајца и презла, пред пржење.
Поширање: обарен продукт до граница на вриење, но без да зоврие.
Пешт: ситно сечкана сланина, со лук и магдонос.
Ројал маса: млеко или павлака со изматени јајца.
Сотирање: месо, пилешки дропчиња и сл.исечкани на долгнавести парчиња или на коцки, нагло пропржени за да поруменат, а потоа да се динстаат додека не омекнат.
Тимбал: Садови со различни облици за сервирање на јадење.
Филирање: печеното или варено месо, да се исчисти од коски, да се исечка на парчиња и да се сложи во првобитен облик пред служење или исечено месо и риба, во форма на филети (шницли).
Фламбирање: преливање на јадењето со некој жесток пијалок и запалување.
Шпикување: кога низ месото се провлекуваат парчиња сланина, лук или зачин.
Шофродирање: преливање на подфотвеното месо со желиран сос.
