Пет минути траеше последната седница на велешкиот совет!
Објавено на 21 март, 2013 во 14:55
Советниците експресно го прифатија елаборатот за утврдување на штетите од поплавите.
Едногласни на последната седница од нивниот мандат беа сите дваесет и тројца актуелни советници во велешкиот совет. Во комплетен состав го прифатија елаборатот за процена на штетите од полавите кои го зафатија велешко на крајот на минатиот месец. Седницата заврши без дискусии за само пет минути. На крај претседателот на советот им честиташе за успешно завршениот мандат.
Инаку ова беше последна, но итна седница па за тоа е дозволено да се одржува во време на кампања на локалните изобри кои се одржуваат за само два дена. Мораше да се прифати елаборатот за отплата на 23 семејства чии имоти се оштетени од поплавата на 26 и 27 февруари./Б.Н.