Ужасна трагедија: Баба си ги убила двете внучиња, па се самоубила!

Објавено на 28 февруари, 2013 во 11:08

Американка на возраст од 47 години ги земала двете внучиња од градинка, кои биле на возраст од 2 и 6 години, и наместо да ги однесе дома во Престон, во Конектикат, со автомобилот се упатила на другиот крај на градот и ги убила двете деца, а потоа се самоубила, соопшти полицијата.

Семејството тврди дека жената боледувала од биполарно нарушување, јави „Дејли мејл“.

На двегодишното внуче на денот на убиството му било роденден, а бабата требало да го однесе дома, каде што родителите го чекале со торта.

Е.Н.Ј.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.