Тренд на задници!
Објавено: 1 февруари, 2013, во 10:55 часот
Фамозните позадини на Џенифер Лопез и Ким Кардашијан се едни од најпопуларните и најпосакуваните помеѓу женската популација.
Бројот на естетски операции за зголемување на задникот расте од година во година, а најактуелно е зголемувањето со вбризгување на сопственото сало.


-Користењето на сопственото сало за подобрување на изгледот се практикува веќе 70 години, а техниката со текот на времето се подобрува. Салото може да се земе од било кој дел на телото и најчесто се користи за подмладување на лицето и зголемување на задникот, објаснува Мајкл Кадиер, британски естетски хирург.
И затоа сè повеќе жени стануваат опседнати со изгледот на својот задник и со неговата големина.

