Боби Мојсоски со успешен рок концерт во Минск
Победникот на годинaшното издание на интернационалниот фестивал „Славјански Базар“, нашиот Боби Мојсоски, минатата недела беше дел од големиот рок концерт “Smoke on the water“ во главниот град на Белорусија – Минск, каде во Дворецот на Републиката настапи заедно со Претседателскиот Оркестар.
На големиот спектакл беа изведени најпознатите рок хитови од 80 и 90-тите, а пред преполната сала Боби се претстави со седум рок хитови: „Always“ од Bon Jovi, „Sweet Child O’Mine“ на Guns N Roses, „Still haven’t found what I’m looking for“ од U2, „Show must go on“ на Queen, а „We will rock you“ од Queen и „Smoke on the water“ на Deep Purple ги изведе во дует со Белорускиот евровизиски претставник Георги Колдун. Ја отпеа и неговата песна „Ке нема следен пат“.
„Задоволството да настапам на еден ваков голем настан со музика која и самиот приватно ја слушам беше огромно. А чувството да се настапи пред толкав број на публика, со Претседателскиот Оркестар составен од врвни музичари е неописливо“, вели Боби.
На рок спектаклот во Минск на кој настапија најголемите Руски и Белоруски музички ѕвезди, Боби Мојсоски, беше единствениот претставник од Македонија.
Погледнете ги четирите настапи поставени на Youtube мрежата:
1. GNR – Sweet Child O’Mine:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Z_I_UhTlYWM{/youtube}
2. Bon Jovi – Always:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=0Vz0nCYXvUY{/youtube}
3. U2 – I still haven’t found what I’m looking for:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=6ziE_VLJgpg{/youtube}
4. Queen – The Show must go on
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=y3yZ3C2444k{/youtube}