Претседателот Иванов му го честита реизборот на Обама
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денес му ја честита старо новата функција претседател на САД .Во честитката Иванов вели дека очекува и понатаму да продолжат пријателските односи со САД и дека република Македонија која досега се докажала како добар пријател на американскиот народ ќе продолжи да дава поддршка на напорите за мир кој ги прави Америка изградени врз ветувањата за слобода на човечкото достоинство.
-„Господине Претседателе ја користам можноста да ви се заблагодарам на вашата досегашна поддршка за за остварување на нашите најголеми цели членство на РМ во НАТО и во Европското семејство и моето уверување е дека и во наредниот период ќе го збогатиме уште повеќе нашето стратешко партнерство за што ви ја искажувам нашата целосна подготвеност“,стои во честитката до Обама.
Иванов во името на сите граѓани на државата упати честитки до претседателот Обама со желби за понатамошен успех во извршување на функцијата.