Украден уште еден фустан на Еми Вајнхаус
Фустанот кој покојната Еми Вајнхаус го носеше кога се мажеше за Блејк Филдер е украден од нејзиниод дом во северен Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Уште еден фустан кој Еми го носеше во една телевизиска емисија исто така беше украден, а полицијата трага по крадците.
После смртта на пејачката во јули 2011 сите нејзини работи беа обработени и сместени во складиште во нејзината куќа. Потоа нејзината куќа беше ставена на продажба и сите работи беа префрлени во друго складиште. Украдените фустани требаше да бидат продадени на аукцијата во Њујорк на почетокот на 2013.
Потпаролот на Еми им испрати порака на сите луѓе, да не ги купуваат украдените фустани. „Фустанот кој Еми го носеше на омотот на албумот „Back to Black“ е продаден минатата година за 40.000 фунти и тие пари беа донирани во нејзината фондација. Друг фустан е исто така продаден за 30.000 фунти, така што венчаницата би можела да се продаде за 100.000 фунти“
Пејачката Еми Вајнхаус почина од труење со алкохол во својата 27ма година, во јули 2011.