Супер бурата Сенди: Њујорк евакуиран!

Објавено на 29 октомври, 2012 во 14:49

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, уште вчера нареди евакуација поради опасност што ја предизвикува супер бурата наречена Сенди, која во овие моменти се движи право кон подрачјата на Њујок и Њу Џерси. Ударот од бурата им се заканува на над 60 милиони луѓе од оваа област, додека експертите предвидуваат дека Сенди би можела да предизвика штета и до 1290 километри од источниот брег.

Со ветровите кои во моментов дуваат со брзина од 135 километри на час ураганот Сенди може да донесе неочекуван пораст на морското ниво на централниот дел од Атланскиот брег, вклучувајќи го и вливот на Лонг Ајленд и Њујоршката обала. Се очекува ветровите да се засилат кога Сенди ќе пристигне на копното помеѓу Вирџинија и јужниот дел на Нова Англија. Поради можноста за спојувањето на Сенди и зимските олуи од западот во текот на полната месечина, многумина стравуваат од висока плима. Се очекуваат бранови високи од три метри кои може да го поплават долниот дел на Менхетен.

Олујата во моментов се протега на 835 километри по дијаметар. Исто така е многу бавна,се движи кон североисток со брзина од само 25 километри на час и може да се задржи од 24 до 36 часа во повеќе од дванаесет сојузни американски држави. Сенди носи со себе и до 250 литри дожд на метар квадратен, 60 сантиметри снег и предизвикува прекини на електричната енергија.

Железничките станици веќе го откажаа собраќајот долж североисточниот дел на САД, а во воздушниот собраќај откажани се 7500 летови. Од неделата вечер во Њујорк се затворени автобуските станици, железничките станици и подземните железници, а денес се затворени и училиштата.  Градоначалникот на Њујорк нареди евакуација на 375 илјади луѓе од најјужните делови од градот поради најавен пораст на нивото на океанот до околку три метри. “Ако не се евакуирате, не го доведувате само својот живот во опасност туку и на оној кој ќе мора да ве спасува”, изјави тој.

За потребите на евакуцијата Њујорк е поделен на три зони, а сите жители од загрозените подрачја ќе бидат сместени во центрите за евакуација. Сите училишта во тие подрачја денес се затворени, а улиците празни, изгасени се светските познати светла на Бродвеј, продавниците ги заштитуваат излозите и улазите со вреќи песок како би го спречиле притисокот од најавените бранови. По прв пат по 1985 година денес е затворена и њујоршката берза. Исто така по објавувањето на евакуацијата освен полиците во маркетите испразнети се и нивните залихи, трговските центри затворени, како и подземните железници.

Иако Сенди е прилично опасна. Американската јавност ги предупредува граѓаните дека евакуацијата мора да се изврши без паника, но американските медиуми пренесуваат предвидувања од еден метеоролог кој може да биде заслужен за ширење паника помеѓу њујоркчаните поради своите изјави за катастрофални штети. Комбинацијата во размер, силата и структурата на ова невреме е без преседан во историјата, изјавува Stu Ostro и споменува застражувачки штети како срушени дрвја во Северна Каролина, поплави во Флорида,  и колосални бранови од над 16 метри кои укажуваат на незамисливи последици од ова невреме.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.