ЕП во Ракомет 2018: Македонската репрезентација пристигна во Загреб

Објавено: 11 јануари, 2018, во 10:28 часот

Македонската ракометна репрезентација претпладнево пристигна во Загреб каде ќе ги игра натпреварите од Ц-групата на Европското првенство кое почнува утре.

Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес во текот на денешниот ден ќе тренира во хрватската престолнина, а веќе в сабота ја очекува првиот дуел со Словенија.

Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц-групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора./МИА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.