Македонскиот селектор Раул смета дека повредениот Лазаров не ќе може да игра до крајот на првенството
Објавено на 22 јануари, 2018 во 08:42
Mногу е голема веројатноста дека до крајот на шампионатот селекцијата на Македонија го загуби и капитенот Кирил Лазаров.
– Цел натпревар одигравме катастрофално. Лошо почнавме и уште по 15 минути губевме седум разлика. Лазаров рано се повреди и мислам дека нема да може да игра до крајот. Нашите шанси без него се многу помали. Кире за нас е многу важен. Ќе видиме како без него, рече македонскиот селектор Раул.
Лазаров го напушти натпреварот во 12.минута поради повреда на десната задна ложа.
Македонија во вторник во 2.коло од втората фаза игра со Чешка.