Поскапеа бензините и дизелот

Објавено: 23 јануари, 2018, во 08:21 часот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемија за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 67,50 денари за литар, на „евросупер БС-98“ – 69,50 денари, а на „евродизел (Д-Е V)“ – 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство исто така се зголеми еден денар – 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,539 денари за килограм и од ноќеска на полноќ изнесува 29,906 денари за килограм.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.