Во ФК„Борец“ на крајот од првенството задоволни (ФОТО)
Објавено на 16 мај, 2021 во 18:46
Заврши првенството на првата македонска фудбалска лигa ФК „Борец“ на крајот е осми.
Во последното коло на гостувањето во Струмица велешани загубија од „Академија Пандев“ со резултат 3:1. Со оглед на податокот дека во минатото коло опстанокот за велешани беше обезбеден овој натпревар го дочекаа растеретено, за разлика од домашните фудбалери кои со победа го осигураа опстанокот во елитната конкуренција.
Нов шампион е „Шкендија“. Во бараж ке играат екипите на „Силекс“ и „Ренова“ додека лигата ја напуштаат екипите на „Вардар“ и на „Беласица“.
Лазар Лазаревски