Kајакар од велешки клуб го освои годинешниот „ ИКАС“
Објавено на 24 мај, 2021 во 10:44
На 22 и 23 мај во Спортско рекреативниот центар „ Матка“, на патеката на реката Треска, се одржа традиционалниот Меѓународен илинденски кајак слалом, годинава по 52 пат. Победник е Ангел Петрушев од ККК„ Вардар“ од Велес пред Марко Ѓоргевиќ од Србија и Лоранд Ѓоши од Италија.
Според зборовите на тренерот Димче Стефановски, Петрушев, уште еднаш ја потврди својата класа. Се работи за талент чии резултати допрва се очекуваат.
Петнаесет дневните подготовки во Словенија, на патеката Тацен, дадоа резултат и ја покажаа исправноста на одлуката Петрушев и Рибарски да ги полнат батериите на една од најпрестижните светски патеки.
Вториот натпреварувач од „Вардар“, Стефан Рибарски, е шести.
Лазар Лазаревски