Промоција на книгата со афоризми „Сизифе, смени го врвот“ во Свети Николе
Македонскиот афористичар, велешанецот Димитар И. Вилазорски, е автор на збирката афоризми со наслов „Сизифе, смени го врвот“. Вилазорски, во неговиот познат стил, прави егзебиции со афоризмите на тема „Сизиф“, на околу 60 еминентни афористичари од бившите југословенски републики и од некои околни држави. Тоа што најголем број од објавените афоризми се на автори од соседна Србија, книгата е отпечатена двојзачино, поточно, освен на македонски исто така и на српски јазик.
Во книгата има „2 во 1“ афоризми со членовите на Афористичката репрезентација на Македонија: Васил Толевски, Јане Атанасов, Љупка Цветанова, Љупчо Силјановски, Марјан Анѓеловски и Миле Ѓорѓијоски.
Станува збор за едно необично, оргинално издание, во кое што авторот и составувачот на оваа „сизифијада“ соединува два афоризми во еден, нешто со што се занимава 10 години, по што е единствен, пишува рецензентот Перица Јокиќ.
– Не станува збор за споредување на два афоризми, што после него го правеле други, туку кај него има креативност, слобода во изразувањето, што го прави единствен, посебен, оргинален. За една оваква егзебиција треба афористиката да се има во малиот прст, многу да се чита и следи, а Вилазорски ги има тие квалитети, додава Јовиќ.
Димитар И. Вилазорски е еден од најдобрите светски афористичари, смета и Александар Чотриќ според кого издадената книга е еден голем настан за афористиката и прва книга од ваков вид не само во Македонија туку и во светот. И затоа ќе биде единствена и оргинална, пишува Чотриќ.
Промоцијата на книгата со „2 во 1“ афоризми со наслов „Сизифе, смени го врвот“ ќе биде пормовира на 26 мај, 2021 година, во библиотека на м универзитет во свети Николево со почеток во 12:00 часот.
Стефани Манева