Еуроникел индустри со колкетивен договор се обврза да ги унапредува работничките права
Објавено: 28 мај, 2021, во 14:17 часотКолективен договор за унапредување на работничките права денеска потпиша Еуроникел индустри со синдикалната организација. Од комапнијата, во која се вработени околу 1000 лица, велат дека потпишаниот договор за нив е дополнителен чекор во вреднувањето на вработените, како најголем капитал и најважна инвестиција на компанијата.
„Еуроникел Индустри е компанија која успешно работи благодарение на својот највреден капитал, вработените. Тие се нашата најважна инвестиција и затоа целиме да креираме професионален и компетентен персонал, кој е соодветно вреднуван, а со тоа и мотивиран да го даде најдоброто од себе во раст и развој на компанијата. Она што ние како менаџмент можеме да им ветиме на вработените е долгорочна иднина, стабилност, напредни услови за работа, а со тоа придонес кон поквалитетен живот”, рече Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.
Од компанијата информираа дека во изминативе три години биле направени инвестиции кои директно ги подобрувале условите за работа, а надминале 130 милиони евра.
Претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев искажа задоволство од потпишувањето на колективениот договр, но како што истакна и од досегашната комуникација и соработка со менаџментот.
„ Досега веќе постигнавме многу, оваа година веќе е реализирано покачување на платата, а продолжуваме со секојдневна комуникација за понатамошно подобрување на секој аспект од работата што се одразува врз работниците и нивната добросостојба и задоволство од работната средина.” нагласи Ѓорѓиев.
Потпишувањето го поздрави и претседателот на СЕИР Игор Ѓерасов и упати порака до сите членови на СИЕР, но и до другите компании кои немаат синдикално здружување, дека уредувањето и унапредувањето на правата на работниците е клучен фактор за постигнување на зацртаните цели на секоја компанија, бидејќи токму работниците се тие што ја креираат најголемата вредност на секоја компанија.
Ангел Данов

