Се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години
Објавено на 28 мај, 2021 во 14:45
„Во следниот период ќе се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години, откако САД го дозволи тоа со „Фајзер“ вакцината, со цел учениците да се вратат во училиште од 1 септември“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој кажа дека вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, следната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија.
„Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па тој очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10.000 вакцинирани дневно“, рече Филипче.