Нема нови ковид пациенти во Општа болница Велес
Објавено на 8 јуни, 2021 во 11:54
Состојбата со корона вирусот во велешката болница се стабилизира. Вкупно се лекуваат девет пациенти, од кои двајца се потврдени позитивни, тројца сомнителни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Од болничките пациенти тројца се на кислородна поддршка, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
На Интерно одделение шест и на Инфективно одделение тројца пациенти.
Стефани Манева