Покрај Евзони, ќе се отвори и граничниот премин Меџитлија
Објавено на 21 јуни, 2021 во 10:53
Градоначалникот на општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, објавил дека од 1-ви јули ќе се отворат граничните премини Ники, Меџитлија кон С. Македонија и Кристалопиги кон Албанија.
-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.
Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони, Богородица.