Казнети 348 возачи за брзо возење
Објавено на 29 јуни, 2021 во 09:55
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.
Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.