Годинава педесет млади кошаркари од Велес, на школата во Охрид
Објавено: 6 јули, 2021, во 12:09 часот
Во организација на кошаркарскиот клуб „Борец баскет“ во Охрид се одржува камп на кој оваа година учество земаа пеесетина кошаркари од младинските категории. По 21-ви пат, традиционално во Извидничкиот центар се одржува школата која ја водат тренерите на „Борец баскет“, Васко Бојчев и Ангел Љутков.

Тренерот Љутков не го крие задоволството од одѕивот и условите на одржување на школата.
-Имаме одлични услови за тренинзи кои ги обавуваме по два пати на ден. Школата работи за непливачи а навечер се организираат забави. Децата се презадоволни. Работиме на физичката и на техничката подготвеност. За крај на кампот предвидуваме натпреварувачки содржини како шутирање тројки и слично за што ќе доделиме и награди, додаде Љутков.

Кампот во Охрид се одржува секоја година и редовно интересот за него е голем.

Лазар Лазаровски



