Годинава педесет млади кошаркари од Велес, на школата во Охрид

Објавено на 6 јули, 2021 во 12:09

Во организација на кошаркарскиот клуб „Борец баскет“ во Охрид се одржува камп на кој оваа година учество земаа пеесетина кошаркари од младинските категории.  По 21-ви пат, традиционално во Извидничкиот центар се одржува школата која ја водат тренерите на „Борец баскет“, Васко Бојчев и Ангел Љутков.

Тренерот Љутков не го крие задоволството од одѕивот и условите на одржување на школата.

-Имаме одлични услови за тренинзи кои ги обавуваме по два пати на ден. Школата работи за непливачи а навечер се организираат забави. Децата се презадоволни. Работиме на физичката и на техничката подготвеност. За крај на кампот предвидуваме натпреварувачки содржини како шутирање тројки и слично за што ќе доделиме и награди, додаде Љутков.

 Кампот во Охрид се одржува секоја година и редовно интересот за него е голем.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.