Во последното деноноќие 26 нови случаи на ковид-19
Објавено на 15 јули, 2021 во 13:51
Министерството за здравство денес информира дека има 26 нови случаи на коронавирус. Новозаразените доаѓаат од Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Во последните 24 часа биле направени 2.866 тестирања, информираат од министерството за здравство.
Нема смртни случаи, а бројот на оздравени изнесува 8 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.