Хоспитализиран маж од ковид-19 во велешка болница
Вчера попладне во ковид центарот на Инфективно одделение при ЈЗУ Општа болница Велес, е примен маж на 65 годишна возраст со симптоми на ковид-19. Заболениот маж е од Велес и веднаш по приемот е ставен на кислородна поддршка. Станува збор за велешанец што не е вакциниран против ковид-19. Оваа информација ја потврди портпаролката на велешка болница Д-р Елеонора Јованова.
Ова е трет хоспитализиран пациент со симптоми на ковид-19. Првиот беше маж на 43 годишна возраст кај кого беше детектиран делта сој на коронавирусот којшто се лекуваше кратко затоа што по првото тестирање имаше негативен резултат и беше пуштен на домашно лекување. Вториот пациент беше жена на 44 годишна возраст којашто беше вакцинирана со две дози на вакцина но по приемот веднаш беше транспортирана на Инфективна клиника во Скопје. Нејзиниот сопруг и син беа со полесни симптоми и се лекуваа дома.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 47 нови случаи на ковид-19. Во Велес активни се пет случаи на коронавирусот.
Стефани Манева